
Јавната установа за згрижување деца во текот на ноќта пријавила исчезнување на двајца малолетни штитеници, 12-годишниот А.Х. и 17-годишниот К.П. Според досегашните информации, ова не е првпат тие да се оддалечат од установата, но досега секогаш биле пронајдени и вратени назад.
Случајот бил пријавен во Полициската станица Карпош околу 00:25 часот, по што надлежните служби веднаш започнале со активности за нивно лоцирање.
Министерството за внатрешни работи информира дека се преземаат сите потребни мерки за пронаоѓање на лицата.