
Драганчо Талевски од Битола, кој има 57 години, после преживеан исхемичен мозочен удар во февруари 2024 година, остана парализиран на десната страна.
„Првите 2 месеци после мозочниот удар ги помина во Клиничката болница во Битола на одделот за интензивна нега САРИЛ. Имаше и проблем со голтањето и нарушена способност за говорење. Од април 2024 година се лекува во домашни услови, со голема поддршка од неговата сопруга Гордана и неговата мајка Даница. Тие секојдневно се грижат за него и му ја даваат неопходната нега и препишаната терапија. 6 пати неделно вежба со физиотерапевт во домашни услови.
Нормално се храни со помош на блиските, течности внесува преку пиење со цевка, а говорот му е малку подобрен. Драганчо и покрај сите потешкотии е мотивиран и со огромна желба за нормален живот. Затоа, итно му потребна роботска неврорехабилитација во Поликлиниката Неуромедик во Ниш, Република Србија, каде единствено гледаме можност за негов напредок.
Со надеж за подобрување на неговата состојба и за повторно застанување на своите нозе и нормализирано секојдневно функционирање, апелираме за Ваша помош на Драганчо во покривање на дел од трошоците за неговото лекување“, се вели во објавата.
ДОКОЛКУ СТЕ ВО МОЖНОСТ ДА ДОНИРАТЕ, МОЖЕ ТОА ДА ГО НАПРАВИТЕ ТУКА.