
Туристички автобус денеска падна во реката По, во Торино, а возачот почина, соопштија локалните власти.
Противпожарните екипи успеале да го извлечат мажот во безсознание, а подоцна тој им подлегнал на повредите, пренесува „Анса“.
Обидите за реанимација на возачот биле безуспешни и екипите на итната помош ја констатирале неговата смрт на самото место.