
Марко Џољевски имаше успешна операција на тумор на жолчка, но сега повторно сме потребни и затоа ги молиме хуманите луѓе да помогнат.
„Драги пријатели, Марко моментално е во Турција, направена му е операција на тумор на жолчка. Меѓутоа тој сега треба да прима терапија и да направи дополнителни испитувања, ни недостасуваат уште 3.000 евра заедно со болнички трошоци. Затоа ве замолувам доколку сте во можност да донирате. Ви благодарам за досегашната хуманост и поддршка“, објави неговата мајка.
