
Петар нема повеќе време за чекање, затоа што му е потребно итно лекување кое е закажано за почетокот на мај.
„Кога Петар слушна дека докторот му закажал термин беше многу среќен дека ќе се спаси од болки и страдања што ги трпи со години, дека животот ќе се смени и ќе може да застане на нозе и понатака ќе може да се бори со физикална и роботска терапија и да ја победи болеста. Нашата борба трае со години, но ние нема да застанеме и да се откажеме, продолжуваме и понатаму со уште поголема надеж и верба во нашиот Бог“, се вели во објавата.
Меѓутоа потребни сме сите за малиот Петар. Затоа ве молиме кој колку може нека Донира, па дури и најмала донација може многу да придонесе за Петар.