
Тешка трагедија утрово го потресе скопското населено место Волково, во општина Ѓорче Петров. Како последица на вооружен инцидент, две лица го загубиле животот, а едно малолетно лице е повредено и пренесено во болнички услови.
„Денеска (24.03.2025) околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и М.Н. од здобиените повреди починале на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со повреди се здобил и еден малолетник, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош“, соопшти МВР.
Во скопската населба кираџијата со неколку истрели го убил сопственикот на куќата во која живеел, а го повредил и малолетниот син на сопственикот, по што си го одземал животот, дознава „Плусинфо“.