
На страната за донирање „eCrowd“ беше отворена кампања за членовите на ДНК, од кои дел ги загубија животите во кобната ноќ во дискотеката во Кочани.
„Тие ја исполнуваа тишината со музика. Да им возвратиме со грижа и поддршка! За Андреј, Панчо, Сара, Ана, Ѓорѓи, Филип, Александар, Игор, Александар, Мартин, Стево, Горан, Виктор“, се вели во апелот.
ЗА ДА ДОНИРАТЕ НА КАМПАЊАТА, КЛИКНЕТЕ ТУКА.
Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП) покренува донаторска акција за поддршка на семејствата на нашите колеги кои ги загубија животите во ужасната трагедија на 16 март во Кочани, како и за оние кои се повредени и сè уште се борат со последиците. Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП) покренува донаторска акција за поддршка на семејствата на нашите колеги кои ги загубија животите во ужасната трагедија на 16 март во Кочани, како и за оние кои се повредени и сè уште се борат со последиците.
„Собраните средства ќе бидат распределени подеднакво меѓу семејствата на загинатите и повредените колеги. Ако некогаш сте доживеале момент на магија на концерт, настан или фестивал, знајте – тие стоеја зад таа магија. Сите собрани средства ќе бидат префрлени на Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП), која потоа ќе ги пласира кон семејствата“, се додава во апелот.