
Малата Викторија Костадинова, десетгодишно девојче од Гевгелија, повторно ја води најважната битка во животот — битката со леукемијата. Иако оваа храбра девојка успеа да ја совлада болеста во февруари 2022 година, по три години таа повторно се враќа и ѝ го нарушува безгрижното детство.
Сега, Викторија има потреба од сериозен медицински третман — трансплантација на коскена срцевина. За успешно да продолжи со лекувањето, неопходно е да се најде компатибилен донор кој ќе ѝ даде нова шанса за здрав и среќен живот.
Семејството и сите добри луѓе апелираат за поддршка, со надеж дека повторно ќе ја видиме насмевката на лицето на оваа борбена девојка.