Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква штип
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Градежни фирми не го почитувале законот – одземени се 427 лиценци

Gladiator 22/03/2025

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека од досега проверените 2.810 лиценци во Министерството за транспорт и врски, одземени се вкупно 427 лиценци во секторите за градба, проектирање и надзор.

Според него, најголем дел од одземените лиценци се однесуваат на изведувачи на градба од Б категорија, каде што бројката достигнува 198.

Николоски нагласи дека Владата, заедно со Министерството, веќе спроведува интензивна проверка на сите издадени лиценци и овластувања, со цел зголемување на контролата и почитување на законските процедури во градежниот сектор.

„Денес имам нови бројки имајќи предвид дека вработените во Министерството за транспорт работат и денес и утре. Иако сме на раб на законот, донесовме одлука да ја направиме оваа контрола. Вкупниот број на издадени лиценци во делот на градба, проектирање, надзор, изработка на детални урбанистички планови е некаде над 3.000 лиценци. Скоро сите се прегледани. До денес прегледавме 2.810 лиценци, а бројката на одземени лиценци е 427. Тие се однесуваат во делот на градба, надзор, проектирање, изработка на детални урбанистички планови. Најголемата е бројката на изведувачи на градба во Б категорија, тоа е практично се што не е врвен државен објект, меѓу што и станбени згради. Таму ќе се одземат 198 лиценци. Во понеделник таа работа ќе биде завршена, а во вторник ќе имаме конкретни бројки и со име ќе ги извадиме сите носители на лиценци на сите носители на кои ќе им бидат одземени лиценците. За истото ќе го известиме надлежното обвинителство и МВР“, кажа вицепремиерот Николоски.

Continue Reading

Previous: Ромската фондација ќе донира 10.000 евра за поддршка на семејствата на жртвите
Next: Почина жената која тврдеше дека нејзиниот дедо ѝ го дал името на Македонија

Најново

  • Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…
  • (ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!
  • (ВИДЕО) Акцијата на полицијата продолжува: Запленети биле околу 40 тони марихуана
  • (ВИДЕО) Мицкоски со јасен одговор кон грчки новинар: Мојата земја Македонија припаѓа на Европа
  • (ФОТО) Шокантно откритие: Еве кој е оженетиот татко на детето на Милица Тодоровиќ!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…

Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…

06/02/2026
(ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!

(ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!

06/02/2026
(ВИДЕО) Акцијата на полицијата продолжува: Запленети биле околу 40 тони марихуана

(ВИДЕО) Акцијата на полицијата продолжува: Запленети биле околу 40 тони марихуана

06/02/2026
(ВИДЕО) Мицкоски со јасен одговор кон грчки новинар: Мојата земја Македонија припаѓа на Европа

(ВИДЕО) Мицкоски со јасен одговор кон грчки новинар: Мојата земја Македонија припаѓа на Европа

06/02/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…
  • (ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!
  • (ВИДЕО) Акцијата на полицијата продолжува: Запленети биле околу 40 тони марихуана
  • (ВИДЕО) Мицкоски со јасен одговор кон грчки новинар: Мојата земја Македонија припаѓа на Европа
  • (ФОТО) Шокантно откритие: Еве кој е оженетиот татко на детето на Милица Тодоровиќ!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.