
На плоштадот „Аристотел“ во Солун денеска се одржа мирен собир во чест на 59-те жртви кои трагично го загубија животот во несреќата во Кочани. Настанот беше организиран од страна на македонските студенти кои живеат и студираат во овој грчки град.
Со транспаренти во рацете, на кои беа испишани имињата на сите 59 загинати, младите симболично и достоинствено оддадоа почит, држејќи молк на плоштадот.