
Една од преживеаните девојки имаше потресно сведоштво по пожарот во дискотеката во Кочани, каде што животот го загубија 59 лица.
„Имаше многу чад, многу викотници, многу мои блиски луѓе умреа. Во хаосот почнав да трчам. Паднав долу, врз мене газеа, не можев воздух да земам. Имаше еден човек полицаец и Мартин од обезбедувањето кој ме извлече, да не беше тој, можеби немаше да бидам жива“, кажа девојката.