
Поради трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, каде животите ги загубија десетици лица, кочанските гробишта се соочуваат со недостиг на простор и веќе започна нивно проширување.
Надлежните одлучија жртвите од оваа несреќа да бидат погребани во посебно обележан дел, кој ќе служи како траен спомен на оваа голема трагедија што го потресе целиот регион.
Медиумската агенција „Ројтерс“ објави снимки од багерите и механизацијата кои активно работат на подготовка на новите гробни места.