
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска лично ги посети македонските граѓани кои се хоспитализирани во Универзитетскиот клинички центар во Белград, откако беа тешко повредени во трагедијата во Кочани.
Вучиќ разговараше со пациентите и со медицинскиот персонал, пренесувајќи пораки на поддршка и солидарност од српскиот народ.
Во оваа хумана посета, заедно со Вучиќ беа и министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, како и директорката на Универзитетскиот клинички центар, Јелена Друловиќ.