Еден од најголемите тенисери во историјата, Новак Ѓоковиќ, преку објава на своите социјални мрежи испрати порака на сочувство поради трагедијата што го потресе Кочани и цела Македонија.
Страшниот пожар кој избувна во дискотеката „Пулс“ предизвика огромна тага и шок не само во земјава, туку и ширум Балканот. Бројни јавни личности, спортисти и граѓани од регионот изразуваат поддршка и солидарност со семејствата на жртвите.
Светскиот тениски ас Ѓоковиќ, кој важи за голем хуманитарец, со кратка но силна порака им се приклучи на сите кои ги споделуваат своите мисли за оваа несреќа.
