
Роднина на 16-годишно девојче кое е меѓу повредените во трагичниот пожар во Кочани, сведочи за потресните сцени што ги затекнал во болницата.
„Јас бев на лице место во болницата, ова беше нешто страшно. Мртви тела лежат по холот по болницата, да мора да прескокнуваш мртви тела да влезеш да видиш како е сестра ти. Ја видовме на кратко, па кажаа дека префрлаат во Скопје поради тешките повреди“, раскажува потресениот роднина.
Тој додава дека успеале накусо да ја видат девојката, по што им било соопштено дека поради сериозноста на повредите, таа ќе биде пренесена во Скопје.