
Огромна трагедија ја потресе Македонија денеска, откако избувна пожар во дискотека во Кочани, каде што животот го загубија најмалку 59 лица, а над 150 се повредени.
Медицинските екипи веднаш се ангажираа и интервенираа кај повредените лица. Потешко повредените од клиниките во Штип и Кочани беа испратени за Скопје.
Наша екипа од „Гладиатор Вести“ беше на терен за да ја проследи ситуацијата пред трите скопски болници.
Дел од пациентите веќе се транспортираат на понатамошно лекување во странство.







