
Во Белград денеска се одвива масовен студентски протест, при што учесниците го засилија притисокот врз властите со блокади и организирани собири низ градот.
Граѓаните почнаа да се собираат уште од претпладневните часови на повеќе различни локации низ Белград, од каде што се упатија кон главните протестни точки.
Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од инцидент во белградската населба Жарково. Според објавените информации, автомобил со голема брзина влетал во група демонстранти, при што, наводно, биле повредени неколку лица.