
Моника минатата година за прв пат замина во Хрватска да работи како чистачка за чесно да заработи, но животот ѝ ја одзеде таа радост.
ЗА ДА ДОНИРАТЕ ЗА МОНИКА, КЛИКНЕТЕ ТУКА (PAVELANDREEV.ORG)
Нејзината сестра пишува дека на Моника ѝ бил откриен агресивен рак кој се шири на жлездите, коските и градите.
Лекувањето почнало во Хрватска, но болницата им поставила услов, односно потребни се 30.000 евра за шест итни терапии, кои се нејзина единствена шанса за живот.
„Ве молам, помогнете ми! Моја сестра има агресивен тумор кој се шири низ целото тело, а болницата неможе да ја продолжи терапијата ако не ги платиме трошоците. Без вашата помош, нема спас за неа“, пишува нејзината сестра.