
Премиерот Христијан Мицкоски синоќа испрати силна порака до членовите на Судскиот совет, кои добија недоверба во Собранието, предупредувајќи дека доколку не се повлечат од функциите, ќе се соочат со реакција од граѓаните.
Според него, правдата е клучно прашање за граѓаните, кои веќе не се подготвени да толерираат неправди и ќе излезат на улиците во знак на протест.
„Народот нема повеќе да молчи. Ќе излезе на улица, ќе протестира, затоа што луѓето се гладни и жедни за правда. Законите се такви какви што се, и ние не можеме да ги менуваме според нечија волја. Факт е дека довербата во овие луѓе е на најниско ниво, под 2%, 3%, 5% или 8%. Тие се разрешени, а сепак одбиваат да се повлечат. Но, не може така – народот ќе реагира! И јас ќе бидам првиот што ќе застане пред народот, првиот што ќе ги предводи тие што бараат правда. Ова не е прашање на политички каприци, туку на почитување на волјата на граѓаните“, истакна Мицкоски во интервјуто за „Канал 5“.