
Анета е 13-годишно девојче од Кочани кое храбро се бори со церебрална парализа. И покрај секојдневните предизвици, таа не се откажува – со многу љубов и поддршка од своето семејство, редовно посетува дневен центар каде што добива неопходна нега и рехабилитација.
ЗА ДА ДОНИРАТЕ И ДА Ѝ ПОМОГНЕТЕ НА АНЕТА КЛИКНЕТЕ ТУКА (ECROWD.MK).
Но, за да има вистински напредок и подобар квалитет на живот, ѝ е потребна роботска терапија во Скопје – единствена можност што би ѝ помогнала да ги зајакне мускулите и да се движи со поголема самостојност. За жал, трошоците за овој третман изнесуваат 6000 евра, сума што нејзиното семејство не може да ја обезбеди без поддршка.
Секој ваш прилог, без разлика на износот, може да направи разлика и да ѝ даде шанса за подобра иднина. Заедно можеме да ѝ помогнеме на Анета да направи чекор напред!