
Теодора се соочува со тешка срцева слабост и итно ѝ е потребна интензивна кардиолошка терапија. Досега неколкупати била хоспитализирана, но единственото трајно решение за нејзиниот живот е трансплантација, која мора да се изврши во специјализиран педијатриски кардиохируршки центар во странство.
ДОКОЛКУ САКАТЕ ДА ДОНИРАТЕ, КЛИКНЕТЕ – ТУКА (ECROWD.MK)
Додека не се најде соодветен донор, Теодора мора да продолжи со примање на животоподдржувачка терапија во приватна здравствена установа, која чини околу 2.500 евра месечно. Финансиските трошоци веќе го исцрпија семејството, кое сега е принудено да побара поддршка од сите хумани луѓе што можат да помогнат.
Секој прилог, без разлика на износот, ќе ѝ даде на Теодора шанса за подобро утре. Додека се чека соодветен донор, сите заедно можеме да ѝ помогнеме да ја продолжи својата борба и да се обезбедат потребните средства за терапијата и останатите неопходни трошоци.