
Драганчо Талевски од Битола, 57 години, после преживеан исхемичен мозочен удар во февруари 2024 година, остана парализиран на десната страна (десна рака и десна нога – HEMIPLEGIA G81.9).
По претрпениот мозочен удар, првите два месеци Драганчо ги помина на одделот за интензивна нега САРИЛ во Клиничката болница во Битола. Во тој период се соочи со потешкотии при голтањето, како и со нарушена способност за говор.
Од април 2024 година, неговото лекување продолжува во домашни услови, благодарение на посветената грижа на неговата сопруга Гордана и мајка му Даница, кои секојдневно му ја обезбедуваат потребната нега и редовно му ја даваат препишаната терапија. Освен тоа, шест пати неделно вежба со физиотерапевт во домашна средина, со цел да ја подобри својата подвижност.
Иако се храни со помош на своите најблиски и течности внесува со помош на цевка, неговиот говор веќе покажува знаци на напредок. Неговата мотивација и силната желба за нормален живот се непоколебливи.
За да може да продолжи со рехабилитацијата и да направи значителен исчекор кон закрепнување, неопходна му е роботска неврорехабилитација во Поликлиниката Неуромедик во Ниш, Република Србија. Оваа терапија претставува надеж за подобрување на неговата состојба и враќање на нормалното секојдневно функционирање.
Линкови за донации – eCrowd (ТУКА) и „Организација Павел Андреев“ (ТУКА).
