Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил гориво грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија напад пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тетово трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Зеленски попушти пред Трамп: Ова се деталите од договорот што ќе го потпише

Gladiator 26/02/2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петок во Вашингтон треба да потпише документ за користење на рудното богатство на неговата земја со американскиот претседател Доналд Трамп.

Извор на „Ројтерс“ кој имал увид во нацрт-договорот изјавил дека во него конкретно не се споменуваат безбедносните гаранции што Украина ги барала од САД, ниту континуираните испораки на оружје за Киев, но се наведува дека Америка сака Украина да биде „слободна, суверена и безбедна“.

Друг извор на британската агенција посочил дека разговорите меѓу Вашингтон и Киев за идните испораки на оружје сè уште траат.

Зеленски претходно одбил да потпише верзија на договорот според која Вашингтон барал права на украинските природни богатства во вредност од 500 милијарди долари како компензација за помошта што САД ѝ ја давале на Украина од почетокот на руската инвазија пред три години.

Украинските власти истакнале дека добиле многу помалку од таа сума и се пожалиле на недостатокот на американски безбедносни гаранции за Киев во тој нацрт-договор.

Иако Украина ни овој пат не добила гаранции, САД се откажале од „наплатата“ од половина билион долари, а наместо тоа, двете земји заеднички ќе воспостават Фонд за инвестиции во реконструкцијата, при што приходите на Киев од тој фонд повторно ќе се вложуваат во експлоатацијата на рудите и другите енергетски ресурси.

Украина ќе вложува 50 отсто од своите приходи, минус оперативните трошоци, во овој фонд и ќе продолжи да го прави тоа сè додека не достигне вкупна инвестиција од 500 милијарди долари.

САД ќе обезбедат долгорочна финансиска поддршка за развој на „стабилна и економски просперитетна Украина“.

Украина располага со 22 од 50-те руди што САД ги имаат означено како критични суровини, а од сличната листа на Европската Унија, која содржи 34 минерали, Киев поседува 22.

Договорот за експлоатација на украинските рудни ресурси би можел да ѝ овозможи на Америка пристап до големи наоѓалишта, додека Трамп се залага за враќање на стотици милијарди долари американска помош.

Tags: Володимир Зеленски доналд трамп Украина

Continue Reading

Previous: Изабела и Филип освоија златни медали во џиу-џицу во Италија
Next: Македонија има полоша војска од Зимбабве – во друштво е со Јужен Судан, Уганда и Либан

Најново

  • (ВИДЕО) Пронајден поморски дрон во близина на популарно грчко летувалиште за Македонците
  • (ФОТО) Нова драма на уште еден брод: Над 100 патници се разболеле со овој заразен вирус
  • Земјотрес во соседството: Се тресеше креветот
  • (ВИДЕО) Македонец ја избоде сопругата Милена во Италија, па тргнал кон гробот на нивниот син
  • (ФОТО) Да ѝ помогнеме на малата Нина: Ова е последна шанса за лекување во Америка

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Пронајден поморски дрон во близина на популарно грчко летувалиште за Македонците

(ВИДЕО) Пронајден поморски дрон во близина на популарно грчко летувалиште за Македонците

09/05/2026
(ФОТО) Нова драма на уште еден брод: Над 100 патници се разболеле со овој заразен вирус

(ФОТО) Нова драма на уште еден брод: Над 100 патници се разболеле со овој заразен вирус

09/05/2026
Земјотрес во соседството: Се тресеше креветот

Земјотрес во соседството: Се тресеше креветот

09/05/2026
(ВИДЕО) Македонец ја избоде сопругата Милена во Италија, па тргнал кон гробот на нивниот син

(ВИДЕО) Македонец ја избоде сопругата Милена во Италија, па тргнал кон гробот на нивниот син

09/05/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Пронајден поморски дрон во близина на популарно грчко летувалиште за Македонците
  • (ФОТО) Нова драма на уште еден брод: Над 100 патници се разболеле со овој заразен вирус
  • Земјотрес во соседството: Се тресеше креветот
  • (ВИДЕО) Македонец ја избоде сопругата Милена во Италија, па тргнал кон гробот на нивниот син
  • (ФОТО) Да ѝ помогнеме на малата Нина: Ова е последна шанса за лекување во Америка

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.