
На 18 февруари 2025 година, во попладневните часови (15:45), во Прилеп избувна пожар на улица „Пионерска“ бр. 22, при што целосно беше зафатена и уништена семејната куќа на фамилијата Јованоски.
Огнената стихија предизвика огромна материјална штета, оставајќи го семејството без кров над главата и без основни услови за живот.
Во овој тежок момент, неопходна е итна финансиска поддршка за обнова на домот и обезбедување на најосновните потреби.