
Македонија може да се гордее со нов европски шампион во мешани боречки вештини (ММА), откако Марко Трајановски се закити со златен медал на Европското првенство што се одржа во Белград, Србија.
Трајановски настапи по вторпат на едно Европско ММА првенство, овојпат во категоријата Middleweight (до 83,9 кг). Со одлични борби и доминантни изведби, тој успеа да ја помине групната фаза во која се соочи со претставници од Романија и Бугарија.
Во големото финале, македонскиот борец демонстрираше врвна техника и физичка подготвеност, совладувајќи го својот противник од Италија и со тоа обезбеди највисокото место на пиедесталот.