
Фото: Принтскрин
Четири лица, од кои тројца се припадници на полицијата, се повредени во сообраќајна несреќа што вечерва се случи на магистралниот пат Охрид-Струга, во близина на селото Мислешево.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, несреќата се случила во 17:33 часот, кога дошло до судир помеѓу службено возило „Форд“ со скопски регистарски таблички, кое е во сопственост на Министерството за внатрешни работи, и автомобил „Опел“ со струшки ознаки, управуван од 52-годишниот М.А. од Струга.
Патниците во полициското возило, Д.П.(29) и Д.К.(28), двајцата од Скопје и Д.Ј.(31) од Куманово, се префрлени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување лекарска помош.