
Нова трагедија ја потресе Македонија вчера, кога во 15:35 часот во Полициската станица Струмица беше пријавено дека на булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица, товарно возило – влекач „ман“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Т.С. од Богданци, удрило во пешак.
Пешакот, 46-годишниот Д.Т. од село Ангелци, струмичко, претрпел тешки телесни повреди и бил веднаш пренесен во Медицински центар Струмица за лекарска помош. За жал, по неколку часови, тој починал од повредите.
Инцидентот беше пријавен до јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, кој веднаш ги презел потребните мерки.