Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил гориво грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија напад пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тетово трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Мајката на Фросина: Душава ми гори од болка, а срцето ми е распарчено, правда мора да има

Gladiator 06/02/2025

Мајката на загинатото девојче Фросина, Камелија Кулакова преку социјалните мрежи објави порака во која посочи дека ќе се бори за правда.

Фросина беше прегазена на пешачки премин на „Партизанска“ во Скопје кога возачот Васил Јованов со огромна брзина, со алкохол во крвта и без возачка дозвола „летал“ низ градските улици.

„Почитувани родители, млади луѓе-идни родители. Душава ми гори од болка, а срцето ми е распарчено., но морам да ви се обратам.

Сето ова популаризирање на нашата семејна трагедија е дотурање на сол на нашата рана која никогаш нема да се залечи.

Јас бев горда мајка. Пораснав три златни деца. Ги воспитував и учев да бидат добри личности. Добри, чесни и доблесни луѓе. Да си ја сакаат татковината. Да си ја почитуваат културата и традицијата. Да сочувствуваат. Да споделуваат радост и тага. Секогаш да се ставаат на другата страна пред да осудат и да ги разгледуваат нештата од сите страни пред секоја своја постапка.

Тоа е многу тешка задача. Особено во ова време- невреме.

И што се случи…..

Соништата на Фросина беа и наши соништа.

И што се случи…..

Огромна празнина, неподнослива болка, траорни слики кои постојано ти поминуваат пред очите и безброј зошто, зошто, зошто, зошто баш Фросина…..

И во еден момент си поислив…. можеше да е друго дете, син, ќерка, сестра, брат, љубена, Љубен, другар. Можеше друго семејство да се распаѓа од болка. А болката не познава политика. Незнае за вера, раса, нација…само едно БОЛКА.

И тогаш си реков. Морам да сум силна. Морам да сум силна за да има правда за моето чедо и сите деца чии родители, браќа, сестри не ја дочекале правдата за нив. И нема да се скршам. Ќе одам до крај. Ќе бидам мајка, татко, сестра брат….

Меката, светла и моќна енергија на Фросина ме води и ми дава сила. И не само мене, на сите нас.

Заради тоа најискрено ве замолувам да не правите политика од оваа наша семејна трагедија. Бескрајно сум благодарна на сите кои искрено сочувствуваат со нас.Бескрајно сум благодарна на медиумите, на новинарите кои ми помогнаа некои работи да ми станат многу повеќе јасни. Благодарам на сите политичари-ЛУЃЕ, кои застанаа на нашиот пат благодарам на народот кој не подржува, зошто, без притисокот на народот и медиумите патот на правдата немаше ни да започне.

Затоа сакам да ве прашам.

Па нели благодарноста е доблест и основно начело на секое општество, цивилизација, религија.

ПРАВДА ЗА ФРОСИНА МОРА ДА ИМА ЗОШТО

“СЕКОЈ ЕДЕН МОЖЕ ДА Е СЛЕДЕН”

Почивај во мир сонце мое.

Нека ти е светол патот.

Една e мајка“, објави Камелија.

Tags: Васил Јованов Камелија Кулакова

Continue Reading

Previous: Доктори се тепале во операциона сала во штипската болница
Next: Да помогнеме на Емилија: Мајка на две деца која се бори со сериозна болест

Најново

  • Земјотрес во соседството: Се тресеше креветот
  • (ВИДЕО) Македонец ја избоде сопругата Милена во Италија, па тргнал кон гробот на нивниот син
  • (ФОТО) Да ѝ помогнеме на малата Нина: Ова е последна шанса за лекување во Америка
  • Трамп прогласи примирје меѓу Русија и Украина
  • (ВИДЕО) Зоран е херој на денот – се симна во река за да спаси куче

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Земјотрес во соседството: Се тресеше креветот

Земјотрес во соседството: Се тресеше креветот

09/05/2026
(ВИДЕО) Македонец ја избоде сопругата Милена во Италија, па тргнал кон гробот на нивниот син

(ВИДЕО) Македонец ја избоде сопругата Милена во Италија, па тргнал кон гробот на нивниот син

09/05/2026
(ФОТО) Да ѝ помогнеме на малата Нина: Ова е последна шанса за лекување во Америка

(ФОТО) Да ѝ помогнеме на малата Нина: Ова е последна шанса за лекување во Америка

08/05/2026
Трамп прогласи примирје меѓу Русија и Украина

Трамп прогласи примирје меѓу Русија и Украина

08/05/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Земјотрес во соседството: Се тресеше креветот
  • (ВИДЕО) Македонец ја избоде сопругата Милена во Италија, па тргнал кон гробот на нивниот син
  • (ФОТО) Да ѝ помогнеме на малата Нина: Ова е последна шанса за лекување во Америка
  • Трамп прогласи примирје меѓу Русија и Украина
  • (ВИДЕО) Зоран е херој на денот – се симна во река за да спаси куче

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.