Утре се очекуваат локални врнежи од дожд, најизразени во јужните делови на земјата, каде што повремено ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи.
Во останатите региони врнежите ќе бидат со послаб интензитет, а во текот на денот облачноста постепено ќе се намалува.
Во петок и сабота ќе преовладува стабилно и претежно сончево време, со пријатни дневни температури. Сепак, во недела попладне ќе дојде до промена на временската состојба, со зголемување на облачноста и појава на врнежи од дожд, кои ќе продолжат во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник претпладне.
На повисоките планински предели се очекуваат врнежи од снег, а можно е и формирање на нова снежна покривка.