Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците, соопшти „Тајмс оф Израел“. Според арапскиот претставник, официјалната објава на договорот се очекува во наредните часови.
Во меѓувреме, американскиот претставник изјавил за „Аксиос“ дека договорот се однесува и на ослободување на заложниците, како и на воспоставување прекин на огнот во конфликтната зона на Појасот Газа.
Договорот доаѓа по интензивни преговори и меѓународни посреднички напори за ставање крај на насилствата во регионот, кои предизвикаа бројни жртви и хуманитарна криза.