Според податоците од платформата за мерење на загаденоста на воздухот „IQAir“, Скопје денес повторно се најде на врвот на листата како најзагаден град во Европа и петти на глобално ниво.
Утрово, околу 10:31 часот, главниот град на Македонија се позиционираше веднаш зад Лахор, Делхи, Ханои и Чонгкинг.
Со индекс на загаденост од 165, Скопје е класифицирано во категоријата „нездрав воздух“, означена со црвена боја, што укажува на сериозни здравствени ризици, особено за чувствителните групи на население.