
Во Македонија се случуваат и вакви необични настани. Пешачкиот мост, кој беше поставен над реката Бистрица од страна на планинарското друштво „Козјак 2013“ од Куманово, бил украден.
Членовите на друштвото соопштија дека малиот пешачки мост бил поставен во октомври со цел да им служи на љубителите на природата и планинарите, но неодамна откриле дека мостот исчезнал.
Планинарското друштво „Козјак 2013“ изрази надеж дека сторителите ќе бидат пронајдени и дека мостот ќе биде вратен на своето место.