Според соопштението од ЕВН Македонија АД, денеска ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија на неколку локации:
- Од 09:00 до 12:00 часот, без струја ќе бидат дел од жителите на улицата Панче Пешов (броеви 1, 3, 5 и 7) во општина Гази Баба.
- Од 08:30 до 13:00 часот, прекин во електричната енергија ќе има на булеварот 3-та Македонска бригада, во близина на ресторанот „Дион“ во општина Аеродром.
ЕВН апелира до граѓаните да покажат разбирање за овие технички интервенции и ги уверува дека снабдувањето со електрична енергија ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на планираните активности.