Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Внимавајте на лажни финансиски советници за криптовалути

Gladiator 14/11/2024

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги предупредува граѓаните на зголемена активност на измамници, кои преку социјалните мрежи се претставуваат како „финансиски советници“ и нудат услуги за тргување со криптовалути. Овие лица често користат лажни профили или спонзорирани реклами, во кои ветуваат високи заработки и брзи добивки, со што привлекуваат жртви кои бараат инвестиции во криптовалути.

По воспоставувањето првичен контакт преку социјалните мрежи, измамниците обично преминуваат на телефонски повици, користејќи VOIP броеви кои изгледаат како локални, за да создадат доверба. Во текот на разговорите, тие ги убедуваат жртвите да инсталираат софтвер за далечински пристап, наводно за да им помогнат при поставување на платформи за тргување со криптовалути.

Откако ќе добијат далечински пристап до компјутерите или мобилните уреди на жртвите, измамниците ја земаат контролата над нивните електронски банкарски сметки и префрлаат парични средства. Во многу случаи, жртвите остануваат без средства, често без да сфатат дека биле измамени, а штетите се значителни, посочуваат од МВР.

Секторот за компјутерски криминал ги советува граѓаните да бидат особено внимателни кога комуницираат со непознати лица кои нудат финансиски совети преку интернет.

„Никогаш не инсталирајте софтвер за далечински пристап на барање на непознати лица, и избегнувајте повици од непознати или сомнителни броеви. Ако имате било какви сомнежи дека сте жртва на измама, веднаш контактирајте со вашата банка и пријавете го случајот во Министерството за внатрешни работи“, порачуваат од полицијата.

Tags: измама криптовалути полиција

Continue Reading

Previous: Посебен режим на сообраќај вечерва во Скопје
Next: Брзо возење, минување на црвено светло и непрописно паркирање: Нови детали како ќе функционира „Безбеден град“

Најново

  • (ВИДЕО) Путин призна нешто што никој не го очекуваше во Русија
  • Историски резултат на Атанасовска: Македонската скијачка имаше одличен настап
  • (ВИДЕО) „Ако некој одлучил да прави циркузант од себе, дозволете му“: Мицкоски за новинарот кој ѝ бараше преведувач на Јаневска
  • Мицкоски: Во овој момент имаме апсолутно најниски цени на горива во Европа
  • (ВИДЕО) Две земји би можеле да се вклучат во борбата со Иран

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Путин призна нешто што никој не го очекуваше во Русија

(ВИДЕО) Путин призна нешто што никој не го очекуваше во Русија

24/03/2026
Историски резултат на Атанасовска: Македонската скијачка имаше одличен настап

Историски резултат на Атанасовска: Македонската скијачка имаше одличен настап

24/03/2026
(ВИДЕО) „Ако некој одлучил да прави циркузант од себе, дозволете му“: Мицкоски за новинарот кој ѝ бараше преведувач на Јаневска

(ВИДЕО) „Ако некој одлучил да прави циркузант од себе, дозволете му“: Мицкоски за новинарот кој ѝ бараше преведувач на Јаневска

24/03/2026
Мицкоски: Во овој момент имаме апсолутно најниски цени на горива во Европа

Мицкоски: Во овој момент имаме апсолутно најниски цени на горива во Европа

24/03/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Путин призна нешто што никој не го очекуваше во Русија
  • Историски резултат на Атанасовска: Македонската скијачка имаше одличен настап
  • (ВИДЕО) „Ако некој одлучил да прави циркузант од себе, дозволете му“: Мицкоски за новинарот кој ѝ бараше преведувач на Јаневска
  • Мицкоски: Во овој момент имаме апсолутно најниски цени на горива во Европа
  • (ВИДЕО) Две земји би можеле да се вклучат во борбата со Иран

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.