Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Арбен Таравари Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Кочани Македонија Никола Станишиќ Русија Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија струја тепачка тетово трагедија убиство украина црква

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Најстариот македонски бочвар – крушевчанецот Миле

Gladiator 26/10/2024

Во срцето на некогаш полната Крушевска чаршија, полека згаснува вековниот занает на бочварството, вткајувајќи ја традицијата и занаетчиството во секое внимателно изработено буре. Во ова ексклузивно интервју, кое може да го најдете на „Gladiator.mk“ истражуваме во светот на еден искусен бочвар, Миле.

Придружете ни се додека ја разоткриваме приказната зад бурињата и го откриваме трајниот дух што ја дефинира уметноста на традицијата и занаетчиството во Македонија.

За почеток го прашавме Миле како го научи бочварскиот занает и што е тоа што го инспирираше да влезе во светот на рачно изработените буриња и дали можеби било семејна традиција?

 – Овој занает моето семејство го има уште од турско, односно од прадедо ми. Јас сум петто поколение кој го работи овој занает и најверојатно тука и ќе заврши. Крушево беше дом на занаетчиството. Тука имаше 60 дуќани од кои 35 беа кондураџии, четири бочвари, пет самарџии, имаше и саатчии. Иако тогаш Крушево беше рај за занаетчиството, сега е најголема беда. Од тие 60 дуќани, останав само јас. Како бочвар работам 60 години, а сега имам 90, вели најстариот бочвар во Македонија.

Кои се главните алатки и материјали што ги користите за изработка и поправка на буриња?

– Има различни алатки за обработка. Постојат и повеќе видови даб, а меѓу нив се цер, црнец и благун. Ние користиме благун кој го прави виното и ракијата многу поубави. Дабот се познава по кората, знаеме да препознаеме кој е квалитетен, раскажува Миле.

Кои се главните предизвици и тешкотии со кои се соочувате како последен бочвар во Крушево па и Македонија?

– Во моментов имам еден помошник кој работи по неколку часа дневно, но овој занает изумира затоа што нема кој да го наследи. Во минатото имаше по пет калфи, но сега не сака никој од младите да работи, сите си заминуваат во странство. Времињата се менуваат, но главен „виновник“ за тоа е човекот и технологијата, вели бочварот од Крушево.

Кои се традиционалните и модерните употреби на вашите производи во Македонија?

– Во овој дуќан е направено црешовото топче за Илинденското востание, а потоа за филмови правев многу други бидејќи ги имав алатите, но ги подарив на музејот. Дедо ми го правеше црешовото топче, односно дрвенаријата, додека тука до нас ја правеа железаријата. Нашите производи ги купуваат од цела Македонија, зашто нема занаетчии во многу градови од државата. Од тука преку карго испраќаме низ цела Македонија. Сепак, за жал нема кој да работи, нема млади луѓе да работат, сите си избегаа, кажа Миле.

Дали може да се живее од овој занает? Дали има заинтересираност за да ги пренесувате своите вештини и знаења на нови бочвари?

– Занаетот нема никогаш да те остави гладен, но интерес има сè помалку за истиот. Во претходниве години имав две млади деца, кои ги научив на занаетот, но тие не го работат. Заминаа во странство да работат друго за повеќе пари, не им се исплати да работат како бочвари, потенцира занаетчијата.

Порака до луѓето што сакаат да се занимaваат со овој занает?

– Имаме работа колку да се преживее, само за жал нема кој да работи. Младите заминуваат во странство и мислам дека никој нема повеќе да го наследи овој занает, посочи Миле.

Бочварот Миле, освен за неговиот занает, ни раскажа и детали од минатото додека служел војска во Југославија, кога бил затворен поради патриотски побуди кон Македонија.

– Јас сум еден од големите Македонци, осуден бев за отцепување на Македонија од федералните единици и создавање на самостојна македонска држава. По унгарската револуција, дојдоа Русите на границата и почнаа да пукаат кон југословенските војници, а јас го заменував командирот на четата. Еден ден ми кажаа да најдам војник и да одам во Словенија да ги земеме новите граничари. Јас заминав во Словенија да видам дали ќе пронајдам барем три-четири Македонци. Како што бевме построени, прашував кои се Македонци да кренат рака, кога сите креваат раце дека се наши луѓе. Нема ниту Хрват, нема ниту Словенец, нема никој друг. Се запрашав зошто е ваква ситуацијата. Ги носат Македонците да гинат на граница, а своите си ги повлекуваат. Поради тоа се заинатив и имаше една политичка настава на која прашав еден капетан зошто ги повлекуваат старите искусни војници кои го познаваат теренот, а носат неуки кога е најопасно. И од тие патриотски побуди, создадовме организација поради која ме затворија. Цели пет години бев во затвор затоа што ја сакам Македонија, ни откри Миле.

Како што го завршуваме нашиот разговор со 90-годишниот Миле, добивме непроценлив увид во светот на бочварската традиција. Од традиционалните техники кои се пренесуваат низ генерации до предизвиците и триумфите со кои се соочуваат во модерната ера во уметноста на изработка на буриња, но и непроценливи информации за тоа како биле измачувани големите Македонци.

Па така преку овие искуства и приказни на чичко Миле, бевме сведоци на посветеноста и вештината потребни не само да се задоволат барањата на пазарот, туку и да се зачува суштината на занаетот длабоко вкоренет во македонската историја.

Tags: бочвар Миле

Continue Reading

Previous: Внукот на Никола Карев: Ние сме чисти Македонци!
Next: Крушевскиот локум – најпознат кулинарски амбасадор на Македонија

Слична содржина

(Видео) Ексклузивно интервју со првиот организатор на „Илинденскиот марш“

(Видео) Ексклузивно интервју со првиот организатор на „Илинденскиот марш“

27/07/2025
Помош за 40.000 семејства – ќе добијат по 1.000 денари за сметките за струја

Помош за 40.000 семејства – ќе добијат по 1.000 денари за сметките за струја

17/02/2025
Бошко – осамен стражар на занает кој полека исчезнува

Бошко – осамен стражар на занает кој полека исчезнува

26/10/2024

Најново

  • Силен земјотрес ја погоди Грција
  • (Видео) „Србите и Македонците се дел од ист корен, исто стебло, ние сме братски народ“, вели српска министерка
  • (Видео) Нови снимки од пукањето во Ерусалим, луѓе бегаат на сите страни
  • Груевски ја честита независноста: Нека е вечна Македонија
  • Мицкоски: Независноста не е само потпис на хартија, туку е жртва, борба и љубов кон оваа света македонска земја

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Силен земјотрес ја погоди Грција

Силен земјотрес ја погоди Грција

08/09/2025
(Видео) „Србите и Македонците се дел од ист корен, исто стебло, ние сме братски народ“, вели српска министерка

(Видео) „Србите и Македонците се дел од ист корен, исто стебло, ние сме братски народ“, вели српска министерка

08/09/2025
(Видео) Нови снимки од пукањето во Ерусалим, луѓе бегаат на сите страни

(Видео) Нови снимки од пукањето во Ерусалим, луѓе бегаат на сите страни

08/09/2025
Груевски ја честита независноста: Нека е вечна Македонија

Груевски ја честита независноста: Нека е вечна Македонија

08/09/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Силен земјотрес ја погоди Грција
  • (Видео) „Србите и Македонците се дел од ист корен, исто стебло, ние сме братски народ“, вели српска министерка
  • (Видео) Нови снимки од пукањето во Ерусалим, луѓе бегаат на сите страни
  • Груевски ја честита независноста: Нека е вечна Македонија
  • Мицкоски: Независноста не е само потпис на хартија, туку е жртва, борба и љубов кон оваа света македонска земја

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.